Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Откако Маск на Твитер објави статус во кој пиша дека „пирамидите се изградени од вонземјани и тоа е очигледно“, египетските власти го поканија милијардерот да ја посети нивната земја и самиот да се увери дека тоа не е точно.
Египетската министерка за меѓународна соработка реагираше на тоа и потенцираше дека не сака да дозволи вонземјаните да бидат заслужни за градење на пирамидите. Како доказ дека пирамидите не биле изградени од вонземјани, таа ги навела откриените гробници на фараоните и египетските владетели за кои се верува дека ги изградиле.
Aliens built the pyramids obv
— Elon Musk (@elonmusk) July 31, 2020
Гробниците откриени во 90-тите години се дефинитивен доказ, велат експертите, дека пирамидите навистина биле изградени од древните Египќани.
Но, Маск во петокот направи метеж на Твитер со твитот: „Вонземјаните ги градеа пирамидите, тоа е очигледно“.
Неговиот твит наскоро го споделија 84.000 луѓе.
Египетската министерка Ранија ал-Машат му одговори на Маск, велејќи дека таа го цени неговото дело, но исто така го охрабри да ги истражи доказите за градење на пирамидите изградени од египетските фараони.
Излезе и египетскиот археолог Захи Хавас, нарекувајќи го твитот на Маск „целосна халуцинација“.
„Открив дека градителите на пирамидите им докажуваат на сите дека тие биле Египќани и дека не биле робови“, рече тој, како што е објави „ЕгипетТодеј“.
Маск подоцна твитал на врската до историскиот текст на БиБиСи за животот на градителите на пирамидите, велејќи дека „овој текст убаво ја комплетира приказната за тоа како се градат пирамидите“.
Во Египет во моментов има повеќе од 100 пирамиди, но најпозната е Големата пирамида на Гиза, која е висока 137 метри.
Повеќето биле изградени како гробници, последните места за одмор на египетските фараони.
Маск е инаку познат по твитовите што предизвикуваат дискусија на социјалните медиуми.