Поднесени кривични пријави за журките на првата и втората плажа во Градиште


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Две кривични пријави се поднесени за забавите организирани во Градиште, на втората и третата плажа, пренесува „Слободен печат“.

Полициските службеници од подрачјето на СВР Охрид забележале 170 прекршоци за неносење лична заштита на лицето. Најмногу од нив се во Охрид – 90, Струга-46, Кичево-30 и Дебар-4.

„Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест ковид-19. Полициските службеници извршиле 19 контроли врз угостителски и други објекти“, посочија од СВР Охрид.