Тајсон во авион затепа со боксови терсене пијан патник кој му одеше на нерви (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Инцидентот се случил во авион откако пијан маж, кој според тврдењата кои ги пренесува TMZ бил под дејство на алкохол, почнал да го провоцира пензионираниот боксер Мајк Тајсон.

Откако го испровоцирал до тој степен Тајсон веќе да не може да се воздржи, боксерот физички го нападнал патникот откако неколку пати претходно го замолил да престане со провокациите.

TMZ од извори блиски до Тајсон дознава дека патникот кој ја испровоцирал 55-годишната боксерска легенда бил пијан. Инцидентот се случил на лет од Сан Франциско за Флорида околу 22:30 часот. Сведоците тврдат дека Тајсон дури и се дружел и се фотографирал со патникот пред инцидентот, кого подоцна го претепал и го раскрварил.