Тајни средби: Бред Пит и Џенифер Анистон повторно заедно?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако гласините се точни, фановите на Бред и Џенифер кои навиваат славниот пар да се смири, би можеле да се израдуваат.

Бред Пит и Џенифер Анистонна многумина им беа еден од омилените холивудски парови, а нивниот развод беше вистински шок. Фановите на Џенифер никогаш не и простија на Анџелина Џоли што го украде нејзиниот маж и секогаш се надеваа дека Пит ќе се врати кај познатата Рејчел од Пријатели. Ако гласините се точни сепак, тоа би можело да се оствари.

Имено, Џенифер по разводот со Џастин, како што се наведува утеха пронашла токму во својата прва љубов.

За нивното дружење е заслужен Џорџ Клуни, близок пријател на глумецот, кого го натерал да се јави на старата љубов. Некогашните сопружници како што се наведува, сфатиле дека нивната врска била среќна и квалитетна, па меѓу нив повторно би можело да се роди љубов.

Џенифер со Џастин беше во брак две години, додека Пит последните 10 ги мина во Џоли со која има шест деца. Веста за нивниот развод го раздрма светот, а како што се наведува, вината за крајот на нивната љубов е зависноста на Бред од алкохол.