СЗО: Зависноста од видеоигри е ментална болест!


Германија пред елиминација!? - 8 ден ↓↓↓



Светската здравствена организација зависноста од видеоигри ја класифицираше како дијагноза и со тоа експертите за ментално здравје добија основа за воспоставување на права за лечење и идентификација на ризик за зависност.

Речиси две и пол милијарди луѓе на светот играат видеоигри, а од Светската здравствена организација велат дека пореметување има само кај дел од нив.

Тие уште во јануари, кога најавија дека зависноста од видеоигри ќе ја признаат како болест, објаснија дека тоа е пореметување за кое се карактеристични губењето на контрола над играта, давање на поголем приоритет на играта во таа мера што таа ги потиснува другите централни интереси и секојдневни активности, како и продолжување и интензивирање на играњето игри и покрај штетните последици.

Во исто време, нивниот став го оспоруваат неколку експерти за ментално здравје. „Загрижени сме бидејќи тоа е дијагноза која нема цврста основа за истражување“, тврди Кристофер Фергусон, психолог на Универзитетот Стетсон во ДеЛенд.

Освен тоа, СЗО од новата верзија на Меѓународната класификација на болести ја исфрли трансродовоста како форма на ментално пореметување.