Home Живот и здравје СЗО апелира: Хидроксиклорокинот предизвикува срцеви проблеми

СЗО апелира: Хидроксиклорокинот предизвикува срцеви проблеми

Поради дадени резултати, клиничкото испитување на лекот за маларија „хидроксиклорокин“ во лекувањето на КОВИД-19 привремено е прекинато, бидејќи истиот предизвика загриженоста околу неговата безбедност, објави директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

Тедрос на онлајн конференцијата за новинари истакна дека врз база на текстот објавен во научното списание „Лансет“ одлучено е привремено да се паузира со истражувањето на тој лек во пробната студија која се занимава со лекување на болеста предизвикана од коронавирусот.

Во текстот во научното списание, објавен минатата недела се наведува дека луѓето кои земаат „хидроксиклорокин“ имаат поголем ризик од смрт и срцеви проблеми од оние кои не го земаат.

Станува збор за лек против маларија кој веќе два месеци Трамп жестоко го препорачува како„чудотворен лек“ за коронавирус.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …