Свири виолина додека ѝ прават операција на мозокот (снимка)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


53-годишната Дагмар Тарнер свиреше на виолина додека ѝ вршеа операција за отстранување на тумор од мозокот.

Пациентката свирела за да ја направи операцијата што е можно поуспешна и да ја зачува способноста да свири на инструментот.

Неврохирургот Кијумарс Аскан, од британската болница Кинг колеџ, се договорил со Тарнер таа да свири на виолината, додека хирурзите вршат операција за да отстранат дел одговорен за прецизни движења.

„Ова беше првпат да правам операција на пациент додека тој свири на инструмент“, рече докторот Аскан.

„Можевме да отстраниме над 90 проценти од туморот додека ја одржавме целосната функција на нејзината лева рака“, додаде тој.

Тарнер по операцијата изјави дека свирењето на виолина е нејзина главна страст и свири од 10 годишна возраст.