Home Актуелно Сив и облачен четврток

Сив и облачен четврток

Овој четврток во Македонија носи облачно и дождливо време.

Претпладне во поголем дел од земјава ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и ќе ги има само во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 9 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид и Битола 7, Кавадарци 9, Крива Паланка 6, Берово 5, Дојран 10.

Утре ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, но кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во североисточните делови ќе има услови да проврнува слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.Дневните температури ќе се движат од 5 до 14 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…