Култура

Светски најпознатите и најважни музеи се активираат на Твитер

Парискиот Лувр, њујоршкиот Музеј за модерна уметност (МоМА), Националната галерија на Австралија,  Национален музеј во Токио, Шекспировиот Глоуб во Лондон и повеќе од 1.400 други музеи ширум светот ќе се појават следната недела на Твитер.

Од понеделник, уметничките институции во 50 земји ќе „твитаат“ под хаштагот #MuseumWeеk со цел да ги промовираат своите колекции и да поттикнат реакцијата на публиката, соопшти популарната социјална мрежа Твитер со седиште во САД.

The Museum of Modern Art in New York tourism destinations

Целта на оваа иницијатива е на корисниците на Твитер да им се прикажат случувањата во музеите, како и фотографии и коментари на посетителите.

Проектот претставува, исто така, повик до уметниците да испратат фотографии од своите дела, пренесува Танјуг.

Сите овие интеракции ќе бидат забележани и чувани до 2035 година во „временска капсула“ во Музејот на наука и индустрија во Париз.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top