Култура

Прилепчанецот Божидар Барлакоски со две награди за фотографија на фото-натпревар во Крагуевац

На скоро одржаниот меѓународен фото-натпревар во Крагуевац, Прилепскиот фотограф и член на фотокино клубот „Прилеп“, Божидар Барлакоски се здоби со две награди за фотографија.

Помеѓу голем број фотографи, учесници од целиот свет, на  овој фото конкурс Божидар беше награден со две дипломи за фотографиите со наслов „Best Friends“ и Housewife in deep thoughts“.

housewife_in_deep_thoughts

Ова е негов прв успех во оваа година, а во минатата 2014 се закити со вкупно 10 награди за фотографија од кои 8 меѓународни, една национална и една меѓуклупска, меѓу која и според него најдрагата, бронзен медал за фотографија на најстариот фото конкурс во светот, меѓународниот салон за уметничка фотографија во Торонто кој се одржува веќе 122 години по ред, каде се собира скоро целиот светски фотографски „крем де ла крем“.

Барлакоски е член на фотокино клубот „Прилеп“, кој веќе неколку години од своето рестартирање, после долгогодишната хибернација, активно работи во склоп на Сојузот на здруженија на техничка култура, „Народна техника“ – Прилеп, и за многу кратко време постигна завидни резултати во полето на фотографијата, промовирајќи прилепски таленти од областа на фотографијата, како и организирајќи клупски и меѓународни изложби кои го свртеа вниманието на фотографската јавност кон Прилеп.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top