Сведоштво за несреќата кај Лесковац: „Го видов кобното претекнување и излетувањето“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Прилепчанецот Јунајдин Рустемовски, кој ја преживеа сообраќајната трагедија кај Лесковац, во своето сведоштво за трагичниот настан изјави дека бил буден кога се случило кобоното претекнување кое го извел возачот на автобусот кој со полна брзина заобиколувал други возила по патот кој бил речиси завеан.

„Бев буден и со свои очи видов како возачот на автобусот претекнува некое возило. Цело време вееше снег, коловозот беше лизгав, а видливоста доста намалена. Него тоа не го спречи да додаде гас и да тргне во претекнување“.

Вака ја почнува својата исповед за српски курир Јунајдин Рустемовски (40) од Прилеп, кој ноќта помеѓу саботата и неделата преживеа во страшната сообраќајна несреќа во која автобус со 35 патници кој патувал од Прилеп кон Виена, излета од патот на влезот во Лесковац и се преврте.

Во превртениот автобус загинаа тројца патници, додека 32 од нив се потешко и полесно повредени. Ристемовски, кој е сместен во КЦ Ниш, ја прераскажал драмата.

-Тргнавме од Прилеп најнормално и се беше во најдобар ред се додека не влеговме во Србија. Не возеше млад возач и беше доста внимателен. Побавно движеше поради снегот и мразот. Меѓутоа, кога ја поминавме границата со Србија, него го замени повозрасен колега и тогаш почнува нашиот пекол-вели Рустемовски.

Тој истакнува дека сѐ се случило околу 1.40 часот и дека многу патници спиеле.

-Јас не можам да спијам, така што во моментов на несреќата бев буден и видов дека возачот тргнува да претекне некое возило пред нас. Вееше многу снег и не видов кое возило беше во прашање, ниту поради што возачот се одлучи да тргне во небезбедно претекнување. Кога тргна налево, автобусот поради брзото возење се излизга. Видов дека нешто не е во ред бидејќи бочно се оддалечувавме од тоа возило – раскажува преживеаниот патник и продолжува.

-Во еден момент, на кој и не се сеќавам баш јасно, се превртевме. Тогаш слушнав повици за помош и врисок на патниците. Со раката и рамото го разбив стаклото , а крв имаше насекаде.

Рустемовски вели дека во целиот тој метеж и хаос успеал да спаси една жена.

Извлеков од урнатините некоја жена која беше во полусвесна состојба. Имаше навистина мачни сцени додека не дојде помошта да не однесе во болница – раскажува потресениот Рустемовски.

Возачот на автобусот доби притвор од 48 часа бидејќи вештаците заклучиле дека возел со брзина од 98 километри на час, што е голема брзина за условите на патот какви биле таа ноќ.