Сведоштво на девојка од Кавадарци која била жртва на злоупотреба во „Јавна соба“ (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Млада кавадарчанка Ана на својот профил на Инстаграм објави видео преку кое го сподели своето трауматично искуство со „Јавна соба“ откако таму била објавена нејзина фотографија, број и градот каде што живее.

„Почнав да добивам пораки и повици на мојот мобилен, на Вајбер, на Ватсап, на Месинџер и на Инстаграм. Не знаев што се случува и од каде доаѓа тоа. Се додека наредниот ден не добив скриншот од мојата слика, зашто таа слика не само што беше објавена во „Јавна соба“, туку е препраќана и на други места, сведочи Ана.

Вели дека не знаела што да прави и како да реагира, а дополнително се разочарала кога не наишла на помош од надлежните.

„Се испаничив, се преплашив, никогаш досега не сум доживеала такво нешто и отидов во Одделот за сајбер криминал во Скопје за да пријавам. Им ја покажав сликата, им ги покажав пораките, повиците. Им кажав дека ги имам со име и презиме луѓето кои што ми ѕвонеа и пишуваа. Меѓутоа, кога слушнаа дека сум полнолетна ми рекоа дека не можат ништо да направат бидејќи Законот во нашата држава е само за малолетници за вакви случаи. Јас во тој момент се почувствував толку беспомошно и бесно што навистина не знаев што да направам и каде да се обратам. Изгубив секаква надеж, многу се разочарав и видов дека во државава не постои правда, дека ако ние имаме над 18 години немаме никаква заштита. Токму поради тоа луѓето се осмелуваат на вакви работи зашто знаат дека никој ништо нема да им направи, вели Ана на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝔸𝕟𝕟𝕒 (@troublemaker_ak)