Џим Кери критикуван за карикатурата од Меланија Трамп која ја објави на социјалните мрежи – дали претерал?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славниот актер и комичар Џим Кери беше мета на критики и вербални напади на социјалните мрежи откако објави карикатура на поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп.

„Збогум, најлоша прва дамо. Се надевам дека спогодбата може да го финансира вашиот плиток крај. Ви благодарам за ништо”, напиша Џим.

Бројни следбеници го нападнаа затоа што сметаат дека објавата е невкусна и сексистичка.

„Ужасно е да се нападне првата дама која ја заврши својата работа со благодат и достоинство и не доби ништо освен критика од левицата. И срамота е што ниту една жена од левата страна не ја бранеше жената поради овие неосновани напади”, „Секогаш мислев дека ти си кул. Сега си премногу одмаздољубив со вакви слики”, „Ова е толку сексистичко. Такво лицемерие”, „Ова е ниско. Ми се допаѓавте и мислев дека ги инспирирате луѓето”, се само некои од коментарите.

Имало и такви кои го бранеле актерот.

„Тој е актер, комичар кој прикажува мажи и жени и ги тера луѓето да се смеат, што значи дека никој не е имун на потсмев“, „Зошто луѓето се однесуваат повредено и изненадено? Зошто толку сериозно?“, „Продолжете да се изразувате преку вашата уметност! ! Ако сакаше да биде прикажана во подобро светло, требаше да се претстави подобро кога беше во центарот на вниманието “, напишале оние кои не гледаат ништо лошо во карикатурата, пишува Page Six.