Судскиот аларм ги одложи судењата за „Монструм“ и „27 април“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поради вклучен аларм кој не можеше да се исклучи, денес во Кривичниот суд во Скопје беа одложени судските процеси меѓу кои и оние за „27 април“ и за „Монструм“.

Поради неможност да се исклучи алармот, прекинато е снабдувањето со струја во судот.

Вработените, обвинети и нивните бранители, како и новинарските екипи кои се дојдени да ги следат рочиштата, се пред судската зграда.

Засега нема информација од што се вклучил алармот. На влезовите во Кривичниот суд се залепени известувања дека поради технички проблеми судењата се одложени по 11 часот.