Славни

Судијата со својата одлука ја разлути Анџелина Џоли: Пит може почесто да ги гледа своите деца

Откако го обвини својот, наскоро бивши, сопруг Бред Пит, дека не плаќа алиментација, што тој го негираше, Анџелина Џоли се најде во нов проблем. Покрај тоа што со сите сили сака да ги оттргне децата од нивниот татко, судијата одлучи дека таа мора да му допушти почесто да ги гледа децата.

Според пишувањата на некои американски медиуми, се чини дека и судијата, кој работи на случајот, сфати дека Анџелина прави се за да ги оддалечи децата од нивниот татко, својот бивши сопруг, Бред Пит.

Па поради тоа, одлучи пред да ја донесе конечната одлука, Анџелина ќе мора да му дозволи на Пит често да ги гледа децата – четири часа секој втор ден кога се на учичиште и 12 часа секој втор ден кога не се на училиште.

Не и дојде најдобро оваа одлука на Анџелина, а веројатно сите надежи продолжуваат на следното судење, кое е закажано за 21. август.

To Top