Пожарникар спасувајќи папагал му кажал „Те сакам“, но на каков одговор наишол…?! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Некогаш ни треба само малку мир и самотија, а се чини дека животните чувствуваат слична потреба. Барем судејќи според папагалот кој од својот дом во Едмонтон одлучи да одлета на кров.

Стоеше така таму три дена, а сопствениците не сакаа да го вознемируваат надевајќи се дека ќе се спушти кога ќе биде подготвен. Меѓутоа, кога ни по три дена папагалот не сакал назад во куќата, сопствениците повикале пожарникари.

Кога пожарникарите стигнале, Џеси, папагалот кој зборува им приреди непријатен дочек. Сопствениците на пожарникарите им објасниле дека Џеси може да го примамат да се спушти, ако му кажат: „Те сакам“, на што обично одговара „Те сакам и јас тебе“.

Меѓутоа, кога пожарникарот му рекол дека го сака, папагалот му одговорил: „Fuck Off“, односно „Одје*и“, а потоа одлетал на другиот кров.

Џеси, како што велат пожарникарите, зборува и турски и грчки, но се чини дека за нив имал подготвен и едноставен англиски речник.

По кровот, тој одлетал на најблиското дрво, а пожарникарите се откажале од спасувањето и го пуштиле Џеси да се одмора во соседството на својата куќа колку и да му е потребно.