Судијата кој судеше кога Марадона постигна гол со „божја рака“: Диего ми кажа – морав да дадам ваков гол затоа што првиот беше нерегуларен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Диего Армандо Марадона вчера беше погребан во Аргентина, а зад славниот Аргентинец останаа бројни спомени.

Марадона е еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Ќе остане запаметен по бројни контроверзни ситуации, а најконтроверзен момент на теренот секако е голот со рака против Англија на Светското првенство во Мексико во 1986 година.

Во тој меч Диего ги сруши Англичаните со два гола. Прво „божјата рака“ која во денешно време не би се случила бидејќи го има ВАР, а потоа голот кога го издрибла скоро целиот тим на Англија.

Судијата од тој меч Паоло Касарин за „Скај Спорт“ раскажа анегдота со Диего кој после мечот дошол и му кажал дека морал да го постигне тој втор гол затоа што првиот бил нерегуларен.

„Морам да кажам нешто за Диего. Кога го постигна вториот гол откако го издрибла скоро цел тим на Англија дојде до мене и ми кажа: Морав да дадам ваков гол затоа што првиот беше нерегуларен. Тоа беше Диего, вистинскиот Диего“, изјави Касарин.