Актуелно

Студена среда со намалена облачност

Генерално очекуваме разведрување и намалување на облачноста оваа среда, но студот останува. Наутро ќе биде пооблачно во најголем дел од земјава, додека околу пладне со прогресија од север кон југ очекуваме брзо намалување на облачноста.

Иако послаб од претходниот ден, ветерот оваа среда ќе биде само повремено умерен и тоа долж повардарието, а ќе дува од северозапад.

Максималната температура ќе има вредност помеѓу 2°С и 5°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток околу 5°С .

Скопскиот регион ќе биде претежно облачен наутро, а околу пладне се очекува да започне постепено намалвање на облачноста. Ќе дува повремен умрен северен ветер.

Температурата ќе има највисока дневна вредност околу 2°С.

Advertisements
To Top