Студен вторник со облачно време


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, вторник, 14. ден од месец декември, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено. Наутро на југоистокот се уште ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 6 Целзиусови степени, Маврово -2. Охрид 5, Битола и Крива Паланка 3, Берово 1, Кавадарци 5, Дојран 6.

Утре времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Максималните дневни температури ќе се движат од -2 до 8 степени.