Сериозно предупредување од ЕУ до Додик: „Можеме да испратиме илјадници војници во БиХ за 24 часа“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Највисоките функционери на ОБСЕ ги предупредија властите на Република Српска дека со своите постапки сериозно го загрозуваат мирот во Босна и Херцеговина и целиот регион додека од кругови на групацијата на Зелените во Европскиот парламент беше соопштено дека Европската Унија во случај на потреба е спремна воено да реагира и во БиХ да испрати шест илјади војници.

Претседателката на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) и министерка за надворешни работи на Шведска Ан Линде и главната секретарка на таа организација Хелга Марија Шмит се огласија со изјава во која наведоа дека обидите на РС со еднострани одлуки да ги преземе овластувањата кои сега ги има БиХ како држава само ги засилуваат тензиите и го загрозуваат тоа што во БиХ е постигнато во последните 26 години.

„Ги повикуваме лидерите во РС да се воздржат од негативни политички потези насочени кон поделби. Оспорувањето на Дејтонскиот мировен договор и уставниот поредок на Босна и Херцеговина носи со себе ризик за нарушување на мирот во државата и регионот“, се наведува во изјавата на ОБСЕ.

Поради кризата во БиХ во таа земја за време на викендот пристигна делегација на Зелените/ЕФЕ во Европскиот парламент чии членови разговараат со босанскохерцеговските парламентарци и други функционери за да испратат предупредување дека Европскиот парламент нема да биде само набљудувач на кризата во БиХ која ескалираше откако парламентот на РС на 10 декември усвои заклучоци со кои ја повлече согласноста на тој ентитет на државните закони за одбрана, недиректното оданочување и Високиот судски и обвинителски совет.

„Имаме гаранции на генералите (од ЕУ) дека тие можат да префрлат единици до шест илјади војници во рок од 24 часа“, изјави за телевизијата Н1 европарламентарецот Томас Валц кој престојува во Сараево заедно со претседателот на делегацијата на Европскиот парламент за соработка со БиХ и Косово Ромео Франц.

Пратениците од РС во парламентот на БиХ одбија да учествуваат во разговорите со Волц и Франц со објаснување дека групацијата Зелени/ЕФЕ во Европскиот парламент која тие ја претставуваат има „неврамнотежени ставови“.

„Тие ги занемаруваат ставовите на двата конститутивни народи, уставот и општите прилики во земјата, а ставовите им се усогласени само со желбите на бошњачката политика“, кажа Снежана Новаковиќ Бурсаќ која е пратеничка во парламентот на БиХ.