Сцена од која навираат солзи: Петгодишниот Бредли во прегратка со Дефо ги поведе Англичаните на Вембли


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со победа од 2:0 над Литванија, Англија го зацврсти водечкото место во групата Ф од квалификациите за Светското првенство во Русија кое ќе се игра наредната година, а најемотивниот момент на натпреварот се случи нешто пред почетокот на истиот.

Петгодишниот Бредли Ловери, верен навивач на Сандерленд, ја поведе англиската репрезентација на теренот на Вембли заедно со Дефо, кому му беше прв настап после три години пауза.

Бредли боледува од доста редок вид на тумор, кој му беше дијагностициран кога има имаше две години. После бројни хемотераии, злокобинот тумор му се врати во јуни минатата година, а неодамна му беше откриен уште еден тумор на грбот.

Лекарите му предвидоа само неколку месеци живот, а неговото семејство е очајно и му останува да се надева дека сепак, сè ќе тргне на подобро. Во меѓувреме во сеќавање ќе остане сликата која тера на солзи, како малечкиот Бредли цврсто го гушка Дефо пред интонирањето на химната.