Стравични сцени во Калифорнија: Карпи паѓаа врз автомобилите (снимки)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Силен земјотрес кој ја погоди Калифорнија предизвика одрони на карпи кои паѓаа на патот по кој се движеле автомобили. По силниот потрес следувале уште педесетина послаби потреси.

Силниот земјотрес во Калифорнија бил со магнитуда од 6 степени според Рихтер. Земјотресот предизвикал свечиште во регионот околу планината Сиера Невада. Земјотресот се почувствувал низ цела Америка.

Најсилниот потрес бил во 15-49 часот по локално време на околу 200 километри источно од Сакраменто. Во следните два часа во Калифорнија биле регистрирани уште 50 помали потреси со сила од 2,5 до 4,6 степени според Рихтер.

Земјотресот активирал свлечиште поради што карпи паѓале на автопатот број 395 , каде биле оштетени неколку возила. Но, за среќа никој не е повреден.