Home Вебкафе Стравични сцени: Сибирски тигар ја нападна чуварката која појде да го храни

Стравични сцени: Сибирски тигар ја нападна чуварката која појде да го храни

Чуварката од зоолошката градина во руски Калининград влезе во делот каде што го чуваат сибирскиот тигар за да му остави храна на џиновскиот примерок од овој вид, мислејќи дека животното е затворено во друг дел од зоолошката.

Но, очигледно дојде до грешка и недоразбирање кое скапо ја чинеше хранителката, бидејќи тигарот беше слободен и се нафрли врз неа.

И покрај тоа што претрпе гризови и гребаници, таа извлече жива глава, бидејќи посетителите успеаја да го избркаат животното од неа со помош на гласно викање и фрлање предмети кои им се најдоа при рака.

Тие, меѓу другото, се послужија и со камења, но и столови и маси од блиското кафуле, за на крајот да успеат да му го свртат вниманието на тигарот додека чуварката не побегна на безбедно. На 16 години стариот тигар ова му е прв пат да нападне човек во зоолошката.

Чуварката претрпе тешки повреди од нападот, но е надвор од животна опасност и веќе се опоравува.

Сибирскиот тигар е најголем вид на тигар на светот, а од зоолошката порачаа дека овој примерок не планираат да го успијат поради нападот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

5 суптилни знаци дека вашиот коефициент на интелигенција е над просекот

5 СУПTИЛНИ ЗНАЦИ ДЕКА ИМАТЕ IQ НАД ПРОСЕКОТ Во секојдневието исполнето со брзина, предизви…