Home Актуелно Шилегов донесе одлука: Од 15 ноември забрана за возила до Средно Водно

Шилегов донесе одлука: Од 15 ноември забрана за возила до Средно Водно

Град Скопје од 15 ноември одлучи да го забрани движењето на возила до Средно Водно. Новиот радоначалник на Скопје, Петре Шилегов најави дека работат за сообраќајно решение со кое ќе се реши хаосот со паркирани возила во парк шумата Водно.

„Од 15 ноември ќе биде дозволено автомобили да се качуваат само до делот кај новиот пат кој води кон Сончев град. За да им овозможиме на граѓаните да стигнат до Средно Водно ќе воведеме повеќе автобуски линии, односно покрај постојната линија која од Транспортен центар вози до Средно Водно, ќе отвориме два нови пункта, едниот кај поранешна „Нова Македонија“ а вториот спроти Цветен пазар“, рече Шилегов.

Новиот режим за движење на Водно нема да стартува овој викенд туку наредниот бидејќи Шилегов чека да постави нов директор на ЈСП„Скопје“, за да може да воведе нови автобуски линии.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…