Home Шоубизнис Стравична несреќа на снимањето на „Брзи и бесни 9“

Стравична несреќа на снимањето на „Брзи и бесни 9“

За време на снимањето на деветтото продолжение од славната акциона франшиза „Брзи и бесни“, се случи несреќа во која настрада каскадерот и дублер на американскиот актер Вин Дизел, кој падна на глава од десетметарска висина.

Тој итно е префрлен со хеликоптер во болница. Вин Дизел е во тотален шок а членовите од актерската екипа се плашат од најлошото, пренесума Дејли Меил. Овој инцидент се случин во студиото на Ворнер Брос.

Се претпоставува дека до несреќата дошло откако пукнале сигурносните сајли додека каскадерот скокал од балкон. Наводно се здобил со тешки телесни повреди.

-Вин Дизел бил на местото на несреќата само секунди подоцна, делувал шокиран и едвај ги воздржувал солзите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …