Home Шоубизнис Стивен Спилберг стана тетовски сват

Стивен Спилберг стана тетовски сват

Ќерката на славниот американски режисер Стивен Спилберг, симпатичната Дестри Алин, е верена со нејзиното момче Генц Легранд, со кого се во врска веќе подолго време.

Веста ја соопшти лично Алин во петокот на нејзиниот профил на Инстаграм, пренесува „Холивуд Рипортер“.

Генц Легранд е син на радиологот од Тетово, Кабил Тахири кој живее во Швајцарија, па сега Стивен Спилберг доаѓа нешто како тетовски сват ( 😀 ). Таа сподели две фотографии, една со нејзиното момче и друга со вереничкиот прстен.

„Многу сум возбудена што го продолжувам животот со мојот близок пријател. Ова е најдобриот ден во мојот живот. Те сакам “, напиша Алин.

Еле Фанинг, Кејтлин Девер, Жулијан Мур, Ирланд Болдвин и нејзината сестра Саша Спилберг се меѓу оние кои и честитаа на Алин за веридбата. Таа го промени своето славно презиме кога ја започна својата кариера во Холивуд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…