Индиски чалам: Носи златна маска вредна 4.000 долари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Индиецот Шанкар Кураде го привлече вниманието на локалното населени и пошироката јавност кога како заштита од коронавирусот почна да носи златна маска за лице вредна речиси 4.000 долари.

„До идејата да си направам златна маска дојдов кога видов еден човек како носи сребрена маска. Бидејќи јас многу сакам злато и златен накит, тешки ланци и големи прстени, си помислив зошто да не носам и златна маска. Го замолив локалниот златар да ми изработни една таква. Маската тежи 2,5 килограми, а ме чинеше 289.000 рупии (3.896 долари)“, откри Кураде за Sputnik.

Објасни дека маската има мали дупчиња кои му овозможуваат без проблем да дише, но дека и покрај маската, и понатаму се придржува до мерката за физичка дистанца.

Куради објасни дека во Махараштри (држава во Индија), каде што живее тој, љубовта на неговото семејство кон златото е позната, но дека златната маска, сепак, привлекла внимание кај локалното население и медиуми.