Статус кво: Македонија останува на срамното 162 место!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација ќе ја заврши 2016 година на 162 позиција на ранг листата на ФИФА.

Светската куќа на фудбалот денеска ја објави последната листа, а на неа очекувано нема промени за нас, со оглед на фактот дека немавме ФИФА активности во месец декември.

162-та позиција е најслаб ранг во нашата историјата, а и срамен со оглед на фактот дека сме во друштво на репрезентации како Белизе, Аруба, Гибралтар, Сао Томе и Принципе…

Во Топ 10 селекциите нема никаква промена во однос на ноемврискиот рангирање. Аргентина е на чело пред Бразил и Германија, а потоа следат Чиле, Белгија, Колумбија, Франција, Португалија, Уругвај и Шпанија.