Станислав Лем за политичарите и светот: „Денес, во секоја минута, има сè повеќе лудаци“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Станислав Лем беше полски книжевник, сатиричар, филозоф и „футуролог“. Но, можеби најважно од сè, еден од најпознатите писатели и теоретичари на научна фантастика и нејпреведуван полски писател. На кратко – кој го гледал „Соларис“ од Андреј Траковски, знае кој е Лем.

А еден од неговите осврти на политичарите интересен и актуелен е и ден денес.

„Денес, во секоја минута, на Земјата има сè повеќе лудаци отколку што имало вкупно луѓе на Земјата пред петнаесетина генерации. Поделбата на трудот, па и духовниот труд, кои започнале пред некои триесетина илјади години во палеолитот, станаа иреверзибилна појава и против ена не можеме да направиме ништо. Својата судбина – независно дали тоа е добро или лошо – ја доверивме во рацете на експертите. И политичарите, имено, се своевидни експерти, иако самопрогласени“.

Лош интелектуален квалитет на политичките елити

„Сепак, дури и фактот дека вистински компетентните експерти им служат на политичарите со медиокритетска интелигенција или ползат пред нив, не е така лош, имајќи во предвид дека и првокласните експерти не се обединети и единствени околу било кој значаен светски проблем. Не знаеме дали логокрацијата на меѓусебно раскараните експерти би била подобра од владеењето на духовно послабо надарените на кое сме подложени денес.

Сè полошиот интелектуален квалитет на водечките политички елити е последица на растечката комплексност на нашиот свет. Имајќи во предвид дека никој, колку и да е остроумен, не може во целост да го сфатит тој свет, до власта и владеачките позиции дотуркуваат оние на кои тоа не им претставува никаква грижа“, заклучува Лем.