Home Вебкафе Среќата е во Финска

Среќата е во Финска

По петти пат Финците се прогласени за најсреќен народ, а нивната држава – најсреќна земја за живот. Македонија е на 89, според Светскиот извештај за среќа, публикација на мрежата за одржлив развој на ОН.

Од земјите во регионот, најсреќно место за живеење е Словенија, која е на 22 место, потоа Србија на 43, Хрватска на 47, БИХ на 67, Црна Гора на 75, а македонија на 89 место.

Меѓу десетте најсреќни земји оваа година се Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд.

Најнесреќни земји според ОН се Авганистан кој е на последното место и Либан.

Светскиот извештај за среќа проценува 146 земји и зема предвид индикатори како што се очекуваниот животен век, социјалната поддршка, корупцијата и други.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…