Home Актуелно Средношколците од Македонија речиси на дното за знаење според ПИСА

Средношколците од Македонија речиси на дното за знаење според ПИСА

На најновата ранг листа која ја објави Организацијата за економска соработка и развој од минатогодишното меѓународно тестирање ПИСА, македонските средношколци на 15-годишна возраст се наоѓаат на разочарувачкото 67 место од вкупно 79 земји во кои беше направено тестирањето.

Според нив, македонските средношколци се оценети со 393 бодови за читање, 394 за математика и 413 за природни науки. Тестирањето е спроведено во 79 земји или економии.

На прво место на листата на ОЕЦД е рангирана Кина, второто е за Сингапур, на трето и четврто се Макао (Кина) и Хонг Конг (Кина). Од европските земји најдобра е Естонија, која е на петто место, а државите во регионот сите освен Косово (75 место) се рангирани пред нашата земја – Словенија (21), Хрватска (29), Србија (45), Црна Гора (52) и Босна и Херцеговина (62).

Лани беа опфатени околу 5 500 средношколци од јавните гимназии во земјава, кои беа тестирани во трите категории. Меѓународната програма за тестирање на знаење и вештини на ученици е почната во 2000 година со цел да ги процени знаењата на учениците за наука, математика и писменост.

Македонските средношколци ПИСА тест полагаа во 2000 и во 2015 година кога се добиени резултати под меѓународниот просек. На тестот пред четири години Македонија беше рангирана на дното на листата од 72 земји во светот, заедно со Тунис. Косово, Алжир и Доминиканска Република.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…