Home Актуелно Среда и четврток неработни

Среда и четврток неработни

По повод спроведување на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, утре 30 ноември е неработен ден, освен за вработените во здравствените институции, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Ова е заклучок од владина седница одржана на 25 ноември. На денот на акцијата градинките се со вообичаено работно време.

Од МТСП информираат дека датумот за одработување дополнително ќе се определи.

И четврток, 8 декември, е неработен ден. Празникот Свети Климент Охридски е неработен за сите граѓани на Република Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…