Србија бара нов селектор, Муслин заминува


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) денеска ќе го раскине договорот со селекторот Славољуб Муслин, иако тој ја однесе репрезентацијата на СП по пауза од осум години.

Српските медиуми пренесуваат дека договорот на селекторот завршил со крајот на квалификацискиот циклус и дека истиот автоматски е продолжен до крајот на Мундијалот во Русија, но дека селекторот по тричасовниот состанок со претседателот на ФСС, Славиша Кокеза, заминал за Франција без намера повторно да седне на иста маса со него.

„Доколку му одговара предлогот на ФСС за раскин на договорот, тогаш тој ќе го потпише истиот, но доколку не се согласува со финансискиот дел, тогаш тој ќе чека ФСС да му врачи отказ и да му исплати сè она што му следува според договорот до завршувањето на СП во 2018 година“, пишуваат српските медиуми.

Неофицијално, челниците на ФСС најмногу замерики имале на неубедливата игра на репрезентацијата на последните три квалификациски натпревари, како и на неповикувањето на младите играчи пред сите на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.