Само во Англија: Уникатен протест на навивачите на Хал (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Хал Сити на натпреварот со Нотингем Форест на уникатен начин го искажаа своето незадоволство од начинот на кој сопственикот Асем Алан го води клубот.

Навивачите пред самиот почеток на мечот тревникот го затрупаа со топчиња за тенис извикувајќи ја паролата „Сакаме Алам да замине од клубот“.

Поради топчињата за тенис, главниот судија го прекина натпреварот на неколку минути, а потоа мечот продолжи без никакви проблеми, но сепак најважно е дека навивачите пораката ја испратија во јавноста.

Донеодамна членот на Премиер лигата Хал Сити по 14 натпревари во Чемпионшип дивизијата се наоѓа на очајното 17-то место со само 16 освоени поени.