Home Актуелно Според Филипче, полициски час во моментов не е решение за справување со ширењето на коронавирусот

Според Филипче, полициски час во моментов не е решение за справување со ширењето на коронавирусот

Првиот човек на македонското здравство, Венко Филипче, смета дека полициски час во овој момент за справување со коронакризата не е решение. Тој очекува дека ќе се донесат новите мерки во Собрание и тие според него емитираат форма на полициски час.

„Искрено верувам дека измените во Законот за заштита на населението за заразни болести ќе се донесе и ќе се изгласа се со цел да избегнеме полициски час. Ова се мерки кои практично имитираат полициски час. После 23 часот ништо не работи, практично граѓаните нема каде да одат, сега и времето не е убаво, па сите треба да седат дома. Затоа апелираме да се излегува само ако има некаква потреба. Целта е да се избегне групирањето и да се носат маски. Сигурно дека разгледуваме некакви опции, меѓутоа сметам дека во овој период полициски час не е решение. Доволно е да се почитуваат овие мерки и тие кои утре верувам дека ќе бидат донесени. Впрочем генерална препорака е да нема таква форма на ограничување на движењето“, одговори Филипче на прашањето дали ако пратениците не се усогласат и не ги изгласаат мерки, следен чекор е полициски час.

Министерот нагласи дека законските измени утре треба да се најдат на дневен ред во Собранието и рече дека верува оти пратениците се свесни за тежината на ситуација и бргу ќе ги изгласаат мерките кои, според него, можат значајно да го редуцираат преносот на вирусот.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…