Совети како правилно се дезинфицира и чисти внатрешноста од автомобилот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пандемијата на коронавирусот која моментално го тресе цел свет и добар дел од човештвото го држи во паничен страв, на луѓето им одржа лекција за многу посериозен однос и став кон хигиената и чистењето на просторот за живеење. А ништо помалку не значајна и хигиената на внатрешноста од автомобилот.

Веќе претходно знаеме дека воланот е четири пати позагаден од седиштето на школка во јавен тоалет, а студиите покажаа дека рачката на резервоарот е една од најнечистите површини – 12.000 пати позагадена од тоалетското седиште.

Сепак, сега заедничката тема е коронавирусот и прашање е како можеме да го дезинфицираме ентериерот на автомобилот. Класичните хемикалии генерално не поминуваат овде, освен ако не сме подготвени да ја уништиме површината на одделните делови на кабината, како што се навлаките на седиштата. Исто така, со бришење на пластиката, ризикувате трајно да ја оштетите бојата со појава на бројни дамки и обезбојување.

Лери Косила од „Аммо Њујорк“, специјалист за детали за автомобили, реши да сподели со јавноста неколку трикови за брзо и ефикасно чистење на најнечистите површини во автомобилот. Логично, најважната работа е да се исчистат површините со кои најчесто сме во допир, како воланот и рачката на менувачот ,рачките на вратите, копчињата и ремените.

По класичното чистење со специјализирани агенси, препорачливо е да се користат средства за дезинфекција, но со прво тестирање на помали површини.