Со забрана за влез на странци Кина спречува внесување на коронавирус однадвор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кинеските власти вчера објавија дека ќе воведат забрана за влез на странските државјани со валидни визи и дозволи за престој со цел намалат бројот на увезени случаи на коронавирус.

Забраната стапува на сила во сабота, се вели на веб-страницата на кинеското Министерство за надворешни работи.

Министерството додаде дека оние со дипломатски и деловни визи нема да бидат засегнати од забраната, а странските државјани кои пристигнуваат во Кина за економски, трговски, научни или технолошки активности, сепак и натаму ќе можат да аплицираат за виза.

Кина не регистрира скоро никаков локален пренос на коронавирусна зараза во изминатата недела, но бројот на увезени случаи се зголемува.

Светската здравствена организација (СЗО) советуваше да не се воведат ограничувања за патувања во моментот на појава на коронавирусот.

Кина денеска потврди 67 нови случаи на инфекција со коронавирус, при што мнозинството заразени патници се враќале од странство. Уште шестмина починале.

Владата денеска објави дека значително ќе го намали бројот на меѓународни летови.

Една кинеска компанија ќе може само еднаш неделно да лета од Кина кон трети земји, додека странска компанија ќе може да одржува само еден лет неделно кон Кина, објави Националното биро за цивилно воздухопловство (CAAC).

Намалувањети на бројот на авиони на летови од и кон Кина не треба да надминува 75 проценти. Мерката влегува во сила во недела.

Од коронавирус од декември починало 3.228 лица во Кина. Инфицирани се вкупно 81.255, од кои 74.051 оздравеле, според кинеските власти.

Има над половина милион заразени низ целиот свет и повеќе од 22.000 луѓе починале.