Американците немаат милост: САД воведе нови санкции за Иран и покрај силната епидемија на коронавирусот таму


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нови санкции се наметнати против Иран од страна на Американското министерство за финансии, со обвинување дека повеќе ирански компании за помагање тероризам. Американците останаа глуви и бесчувствителни на повиците кои во меѓувреме дојдоа и од официјален Техеран и Обединетите нации за олабавување на санкциите поради пандемијата на коронавирусот која со голем капацитет го тресе Иран.

Американското министерство за финансии денес казни 15 поединци и пет компании, обвинувајќи ги дека ги поддржувале и работеле за „единиците Кудс на Исламската револуционерна гарда“, која Вашингтон ја смета за терористичка организација. На листата се вклучени три градежни компании, една петрохемиска и една верска организација.

Новите санкции доаѓаат во момент кога бројот на жртвите на коронавирусот во Иран надмина 2.000. Речиси 30.000 луѓе се заразени од ковид-19 во Иран, една од најпогодените земји од вирусот во светот.

Како дел од кампањата на „максимален притисок“ против владата во Техеран, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп наметна илјадници индивидуални санкции против Иран од повлекувањето од Иранскиот нуклеарен договор во 2018.

Во вторникот комесарката на Обединетите нации за човекови права Мишел Башеле повика на олабавување на овие казни поради актуелната пандемија.

„Од исклучителна важност е да се избегне крах на здравствениот систем на секоја земја – поради експлозивното влијание што ќе го има врз смртните случаи, маките и пошироката зараза. Во контекст на глобалната пандемија, ослабувањето на медицинските напори во која било земја го зголемува ризикот за сите нас“, порача Башеле во соопштение.

Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на месецот понуди помош за Иран во справувањето со епидемијата на коронавирусот, доколку Техеран ја побара. Иранскиот претседател Хасан Рохан ја отфрли понудата, истакнувајќи дека американските санкции го попречуваат пристапот на Иранците до витална медицинска нега.

„Кога Американците велат дека се подготвени да му помогнат на Иран во борбата против коронавирусот, тоа е една од најголемите лаги во историјата. Ако сакаат да му помогнат на Иран, сѐ што треба да направат е да ги укинат санкциите“, порача иранскиот лидер во понеделникот.