Намерно кашлаше врз пекарски производи, месо и други намирници во супермаркет – се соочува со казна за тероризам


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жителка на американската сојузна држава Пенсилванија која намерно кашлала врз храна во вредност од 35.000 долари во супермаркет, ќе се соочи со кривична пријава за стореното дело, пренесува CNN.

Жената, чиј идентитет не беше откриен, влегла во супермаркет во Хановер и почнала да кашла на пекарски производи, месо и други производи, напиша на Фејсбук Џо Фасула, косопственик на супермаркетот „Герити“.

Вработените веднаш ја исфрлиле жената и повикале полицијата која ја нашла неколку часа подоцна и ја одвеле во притвор. Полицијата соопшти дека жената „намерно ја заразила“ храната и има намера да поднесе кривична пријава против неа откако ќе се изврши психијатриска проценка. Полицијата не знае дали е заразена, но Фасула напиша на Фејсбук дека ќе стори сé што е во нивна моќ за да открие.

И покрај тоа што ја сметаа за „многу вознемирувачка шега“, Фасула рече дека исфрлиле производи од продавницата во вредност од 35,000 американски долари и го дезинфицирале просторот.

„Болен сум поради изгубената храна. Иако е секогаш срамно да се троши храна, во овие времиња, кога многу луѓе се загрижени за безбедноста на нашата испорака на храна, тоа е уште повознемирувачко “, напиша Фасула.

Не е целосно јасно за што жената би била обвинета. Луѓето кои се закануваат дека го шират вирусот, можат да бидат обвинети за тероризам. Оваа среда, Министерството за правда објави дека луѓето кои намерно го шириле коронавирусот може да бидат обвинети за тероризам.

И официјалните претставници низ целата земја сериозно ги сфаќаат заканите за ширење на вирусот. Претходно оваа недела, еден човек во Њу Џерси кој кашлал кон вработен во продавница и рекол дека има коронавирус е обвинет за „терористички закани“. И во Мисури, еден 26-годишен маж е обвинет за „терористичка закана“, откако бил снимен претходно овој месец како лиже дезодоранс во Волмарт и вели: „Кој се плаши од коронавирусот?“

Според меморандумот на Министерството за правда, заканата од ширење на коронавирус или употреба на „Ковид-19“ како оружје против американските граѓани, би можело да се смета за терористичка закана.