Home Спорт Сорентино се огласи и испрати порака до Роналдо!

Сорентино се огласи и испрати порака до Роналдо!

Јувентус вчера во самиот финиш на мечот успеа да направи пресврт против Киево и победи со 3:2 на стартот на сезоната.

Меѓутоа, мечот во Верона го одбележа повредата на домашниот голман Сорентино, кој остана без свест после судирот со Роналдо, па поради повреда на главата мораше да го напушти теренот.

Сорентино веднаш беше префрлен во болница каде му беше констатирана скршеница на носот, а веќе денес голманот се огласи преку социјалните мрежи.

„Им благодарам на сите кои испратија пораки со поддршка, тоа навистина ми значи. Ние сме одлична екипа и тоа го покажавме вчера против фаворитот. Бевме блиску, а потоа Роналдо ме прегази“, напиша Сорентино.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…