Земјотрес со јачина од 8,2 степени по рихтер го погоди Фиџи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Силен земјотрес со јачина од 8,2 степени според рихтеровата скала е регистриран во реонот на Фиџи, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Според првичните информации по земјотресот биле забележани и помали бранови на цунами, кое засега не предизвикало штета.

Засега нема извештаи ниту за причинета материјална штета од земјотресот, ниту пак за повредени или загинати.