Сопственик на Mercedes SUV ML350 бара оштета од автомобилскиот гигант во висина од 200 милиони долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сопственикот на Mercedes SUV, моделот ML350 од 2015 година, поднесе тужба против германскиот автомобилски гигант чиј модел на возило го поседувал во која бара дури 200 милиони американски долари плус судски трошоци. Тој тврди дека Мерцедес продавал возила чии панорамски покриви би можеле да пукнат.

Тужителот тврди дека минатиот март неговата сестра го управувала автомобилот и дека во еден момент без никакви претходни најави, пукнал панорамскиот покрив. Бил сончев ден, а таа возела на автопатот со брзина од 88 км на час.

Стаклото, наводно, нагло се разнишало, а звукот бил како истрел од пушка. Таа веднаш запрела и имала што да види – задното панорамско стакло експлодирало и се распарчило на задното седиште. Во тужбата се наведува дека за правилното функционирање на големиот панорамски покрив се бара соодветно инженерско знаење, како и засилување на оптималните делови, што производителот не ги извршил на соодветен начин. Други сопственици тврдат дека експлозијата на панорамски покрив е навистина ужасно доживување, со распрснати парчиња стакло и моќна експлозија.

Мерцедес досега немал повлечено возила поради оваа причина и не ги предупредил сопствениците за оваа можност, се наведува во тужбата. Како дел од тужбата е повикан и претставник на Saint-Gobain Sekurit , производител на споменатото стакло.

Carcompliants.com понатаму известува дека во претходните случаи, Мерцедес можел да одговори со компензација од 250 до 500 долари доколку не бидат тужени. Заменувањето на панорамски покрив чини околу 2000 долари.