Сопиште станува чорбаџиска населба: Градските буџи бегаат од загадениот воздух


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нова населба ќе никне во Сопиште. Оваа општина која се простира на падините на Водно станува се поатрактивно место каде што многу граѓани се одлучуваат да купат парцели и да изградат домови подалеку од градскиот метеж, пренесува Тв Нова.

Градоначалникот на Општина Сопиште Стевче Трпковски за Телевизија Нова вели дека изминатата година се реализирани низа инфраструктурни проекти кои што го подобриле животот во општината, дел од нов се на барање на жителите, а дел на оние кои планираат да се доселат тука.

Тој потенцира дека проектот Сончев Град е во фаза на реализација, а веќе и при крај е изградбата на регионалниот пат кој ги поврзува Сопиште со Центарот на Скопје.

Според Трпковски поради големиот интерес за нови парцели, во моментов се подготвува урбанистичкиот план за нова населба во Сопиште.

Минатата година како што информираше градоначалникот биле реализирани низа инфраструктурни проекти во општината како што се асфалтирање на улици, реконструкција на патишта, изградба на канализациони и водоводни мрежи.

За оваа 2017 година, како што најави Трпковски исто така е предвидена  реализација на повеќе проекти во Општината.

Тој потенцира дека и понатаму ќе останат посветени на реализација на инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат животот на жителите во општината.