Сончева и топла среда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И денеска во Македонија ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува.

Од пладневните часови претежно во северните и источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, краткотрајно и во вид на изолирано невреме.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер и дневна температура од 29 Целзиусови степени. Маврово 20, Охрид 28, Битола 29, Крива Паланка и Берово 26, Кавадарци 33, Дојран 34.

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно, наутро со локален дожд. Од пладневните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност со слаб до умерен претежно северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 18 до 30 степени.