Сончева декемвриска среда


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Осмиот декемвриски ден во Македонија ќе имаме студено утро и претежно сончево време со мала локална до умерена облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Минимална температура ќе се движи од -7°C до 1°C, додека пак максимална температура од 4°C до 10°C.

Во Скопје минималната температура ќе биде до -3 степени, а дневната ќе достигне до 5 степени.

Од утре попладне, особено на запад, ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во ноќта и ќе се прошират насекаде. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.