Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе се зголеми до 10 отсто, но официјалните податоци ќе бидат објавени утре кога ќе се објави понудата на државната ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум која набавува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
„Да бидам искрен, на затворена владина седница веќе е усвоена одлука со која ЕСМ ќе учествува на јавен тендер објавен од универзалниот снабдувач, во овој случај, ЕВН Хоме. Јас само можам да потврдам дека крајната цена според сите проекции што сме ги правеле ние како енергетски тим во рамки на Владата, нема да биде над 10% за домаќинствата и граѓаните“, вели Бектеши.
Според неофицијалните информации, сѐ уште се преговара дали по Нова година ќе има преку ден евтина тарифа на електричната енергија, но останува евтината тарифа за време на ноќните часови и во недела. Ако се укине евтината тарифа тогаш Владата планира дополнителни субвениции на ранливите категории на граѓани за подмирување на сметките за струја.