Home Актуелно Сончев и топол четврток

Сончев и топол четврток

И денешниот ден, четврток, 25 февруари, во Македонија носи пролетно време и температури. Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје сончево. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 19 степени.

Продолжува периодот на стабилно време. До сабота ќе се задржи натпросечно топло, а од недела ќе има намалување на температурата за 6 до 8 степени. Од сабота попладне ќе почне да дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, а ќе има и извесно зголемување на облачноста. Топлото време до сабота ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…