Со цел да создаде метаверзум – Фејсбук ќе отвори 10.000 нови работни места


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Главниот менаџер на Фејсбук, Ник Клег, во блог потенцираше дека отворањето на илјадниците работни места е „доказ за верба во силата на европската технолошка индустрија и во потенцијалот на европските тек-таленти“.

Под метаверзум американскиот интернет џин подразбира свет во кој проширената реалност (AR) и вирутелната реалност (VR) се претопуваат во еден сајбер-свет. Поимот потекнува од американскиот писател Нил Стивенсон, кој го има употребено првпат во својот научнофантастичен роман Snow Crash од 1992 година.

За да се изгради метаверзумот, во Европа ќе бидат отворени 10.000 работни места за висококвалификувана работна сила, објаснува Клег.

Фејсбук е еден од повеќето концерни кои во моментов работат на создавање метаверзум, односно виртуелен свет во кој корисниците ќе се среќаваат, ќе трошат пари, ќе конзумираат медиумска понуда, па дури е можно и да работат. Првиот човек на Фејсбук, Марк Закерберг, на овој проект гледа како на централен за иднината на концернот.

Метаверзумот, според Фејсбук, би имал потенцијал да помогне за „отворање пристап кон нови креативни, социјални и економски можности“. Ниту една индивидуална компанија нема да го поседува и да управува со метаверзумот. „Исто како интернетот и метаверзумот ќе се одликува со отвореност и интероперабилност.“

Американскиот концерн веќе започнал со тестови на нова апликација за виртуелна реалност за работа од далеку, со која корисниците, како аватар-верзија од себеси, преку специјални слушалки ќе може да учествуваат на состаноци. Во септември Фејсбук за метаверзумот стави на располагање 50 милиони долари. Во оваа сфера работат и други компании, како Роблокс и Епик Гејмс, производителот на Fortnite.