Home Шоубизнис Со оваа контровезна слика Џим Кери ги подели ставовите на јавноста

Со оваа контровезна слика Џим Кери ги подели ставовите на јавноста

Џим Кери веќе извесно време, освен како актер, јавноста го запозна и како талентиран ликовен уметник, а сликите кои ги слика често предизвикуваат бурни реакции во јавноста. Таков беше случајот и со неговата последна слика на кој тој го наслика американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп неодамна се појави на насловна страна од списанието Time која веројатно ќе влезе во историјата поради самата содржина. На неа, американскиот претседател, поради критиката околу одделувањето на децата мигранти од нивните родители, е претставен како стои над мало девојче кое плаче.

Џим Кери очигледно сметал дека таа насловна фотографија треба да претрпи некои измени, па ја „преработи“ во свој стил и ја објави на Твитер.

„Ја поправив контроверзната насловна фотографија од списанието Time. Оваа е многу посоодветна. Нема на што“, напиша актерот во објаснувањето на сликата на која го прикажува Трамп како удира расплакано девојче со ногата во лице.

„Ова е толку соодветно“, „Ужасно, но ебано вистинито“, „За жал, ова е реалноста“, беа само некои од коментарите кои обожавателите му ги напишаа на Кери на објавата.

И додека едни го фалат, други го критикуваат наведувајќи дека „не реагирал на многу полоши работи кои ги правел Обама“, а го обвинуваа и дека на тој начин сака да привлече внимание поради неговата „пропадната кариера“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …