Снимки и фотографии од средбата на Трамп и Ким Јонг-ун кои светот ги немаше видено досега (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Снимки и фотографии од средбата помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, кои досега светот ги немаше видено, беа објавени од страна на севернокорејската државна телевизија.

Државната телевизија на Северна Кореја, поточно, објави документарен филм во траење од 42 минути во кој се гледаат сцени од патувањето на Ким Џонг Ун во кинески авион и досега неемитувани снимки од севернокорејскиот лидер во луксузниот хотел во кој се сретна со Трамп.

Некои од кадрите прикажуваат стотици Севернокорејци како фанатично плескаат и мафтаат со државни знамиња додека ги гледаат снимките од слетувањето на авион со кој Ким Џонг Ун пристигна во Сингапур на средбата со американскиот претседател.

Со ентузијастична звучна подлога, документарецот содржи снимки од патувањето на Ким во Сингапур и го следи од пристигнувањето во неделата до заминувањето во вторникот навечер.

Камерите на севернокорејската телевизија се посебно фокусирани на насмеаните лица на жителите на Сингапур кои се обидувале со своите мобилни телефони да го снимат Ким додека шетал по улиците на Сингапур.

„Улиците беа преполни со луѓе кои му се восхитуваа на врховниот лидер поради неговите брилијантни политички вештини кои ги користи во водењето на комплексните меѓународни политички настани“, кажува нараторот во документарецот на севернокорејската државна телевизија.

Освен на вообичаеното славење на севернокорејскиот диктатор, документарецот се фокусира и на самиот Сингапур како успешна капиталистичка држава, што преставува своевидно отстапување од нормата. Севернокорејските медиуми досега се воздржуваа од прикажување на успесите на странските држави.

Дилмот завршува со кадри на триумфалното враќање на Ким Џонг Ун во Пјонгјанг, а стотици насобрани луѓе мафтаат со државни знамиња.